Петраков: Македонија е врвна селекција со одлични фудбалери!

473

Селекцијата на Ерменија, со која играме утревечер во рамките на 2.коло во Лигата на Нации, за разлика од нас, стартуваше одлично. На свој терен Ерменците со фуриозни 4:1 славеа над Летонија. Сепак од таборот на гостите не се осмелуваат да кажат дека се фаворити или дека ќе ги освојат трите бода.

Сите говорат во суперлативи за Македонија, а посебно селекторот Олександер Петраков, кој инаку е Украинец, кој попладнево на пресот истакна:

Ја анализиравме Македонија на мечот со Ф. Острови, и искрено не беше лоша играта. Не очекувам лесна победа, дојдовме тука да играме фудбал. Македонија е врвна репрезентација со одлични фудбалери и тренер. Го знаеме добро противникот, останува да одиграме најдобро што можеме“ истакна покрај другото селекторот на Ерменија.

ПретходноХанси Флик е прогласен за тренер на месецот во Ла Лига! (ФОТО)
СледноНова “бомба“ на Босфорот: По Костиќ, Мурињо тргнува по некогашен репрезентативец на Англија!