Само поради високата плата Рамос не потпишал за Васко де Гама

169

Ветеранот на шпанскиот фудбал, Серхио Рамос можел да се пресели во бразилскиот клуб Васко де Гама, но проблем била платата, па трансферот пропадна.

„Многу познат агент од Рио де Жанеиро, претставник на Марсело, контактираше со клубот и му понуди договор на Серхио. Почнаа преговори и тој побара многу висока плата. Секако, трансферот на Рамос би бил фантастичен, тој тренира и сака да игра, но високата плата која ја побара е апсурдна“, изјави некогашниот фудбалер на ПСЖ, Едмундо, кој сега работи во администрацијата на бразилскиот клуб.

Рамос е слободен агент откако го заврши договорот со Севиља. 38-годишниот Шпанец се надева дека наскоро ќе најде нов клуб.

ПретходноПоранешниот капитен на Монако на суд поради сексуален напад
СледноГостивар ќе го пречека Вардар на стадионот во Штип