Ангеловски пред ПСЖ: Наша задача е да се претставиме во најдобро светло!

120

Пелистер минатата сезона ја заврши со 14 порази во исто толку одиграни мечеви во гурпната фаза во Лигата на шампионите. Актуелниот македонски првак доби вајлд карта за да биде повторно во најсилното европско клупско натпреварување, а таму повторно го чека тешка задача.

Прв противник на Пелистер е тимот на ПСЖ, дуелот се игра утре во Париз со почеток во 20:45 часот. По поразот во Супер Купот од Алкалоид, и тешкиот меч против Тиквеш, тренерот Бранислав Ангеловски и неговите момци ќе се обидат да го покажат најдоброто против фаворитот во групата.

„Одиме на гости кај едни од најсериозните кандидати за Фајнл-фор завршницата, таму и веќе да нема фаворити. Еден од фавортите за освојување на првите две места, екипа која е составена и селектирана од еден од најдобрите тренери, Раул Гонзалес. Структурата на играчите остана иста, мислам разликата ја прави Лук Стејнс со играта во транзиција и нивниот напад со Шипжак, еден од најдобрите пивоти. Во секој случај наша задача е да се претставиме во најдобро светло, само така ја гледаме нашата иднина во Лигата на шампиони“, изјави тренерот на Пелистер.

ПретходноМаслинко и официјално дел од „сино-белото“ семејство
СледноТренерот на Башкими и двајца фудбалери имале собраќајна несреќа на влезот во Куманово