Илиоски во врска со инцидентот: Обвинет сум за нешто што не сум го направил

5136

Македонскиот кик-боксер, светскиот шампион Бобан Илиоски се најде во фокусот на јавноста поради инцидент по кој реагираше и македонската полиција. Според информациите, Илиоски имал физичка пресметка со непознати лица кои ја каменувале неговата куќа.

Тој се обрати во јавноста откако се вртеа различни верзии на приказната.
Во врска со инцидентот кој овие денови кружи на социјалните мрежи, чувствувам должност и обврска да се обратам на сите кои ме поддржуваат во моето патешествие како спортист и како личност. Постојат многу верзии од случката, но вистината ќе излезе на виделина после расчистување на случајот и до тогаш не коментирам за ништо поврзано со тоа, се додека надлежните органи не дозволат да дадам изјава во врска со истото. Немав намера да го оцрнам образот на моите тренери, мојот клуб, мојата држава и титулите кои ги носам, а најмалку од се сакав да бидам во ситуација каква што бев. Без разлика за тоа што сум обвинет (за нешто што не сум го направил), верувам дека правдата ќе излезе на виделина, и секој ќе одговара за своите постапки“, напиша Илиоски.

Наводно на тој инцидент му претходела физичка пресметка меѓу Илиоски и друго лице, кое претходно нападнало член на неговото семејство.

ПретходноРадивојевиќ: Не одиме во Париз да изгубиме, туку да се бориме!
СледноСелекторот на Бразил: Запамтете ги моите зборови, ќе играме финале на СП 2026