По само три минути игра, Благоја Милевски мораше да менува. Напаѓачот Дарко Чуринов се повреди и мораше да го напушти теренот. Фудбалерот на Јагиелонија истрча во напад, а по дуел со еден противнички играч падна на тревата и не можеше да продолжи.
Се работи за задната ложа. На негово место влезе Лирим Ќамили, кој настапува во Сондерјиске.