Бразил го претрпе и четвртиот пораз од стартот на светските квалификации во Јужна Америка откако на гостувањето во Парагвај загуби со минимални 1:0. „Кариоките“ уште еднаш не успеаја да импресионираат со својот настап, ставајќи го во сериозен сомнеж учеството на Светското првенство за две години. Херој на натпреварот беше Диего Гомеш, кој во 20. минута го постигна победничкиот гол за домаќините. Ова беше прв
По победата Парагвај со девет бода е на седмото место, додека Бразил останува на петтата позиција на табелата со 10 освоени бодови.
Лидерот Аргентина загуби на гостувањето кај Колумбија со 2:1. Шампионот на Копа Америка ја заврши серијата од 12 последователни победи во сите натпреварувања, кои повторно играа без својата голема ѕвезда Лионел Меси, кој се опоравува од повредата. Москера го отвори резултатот во 25. минута, но Николас Гонзалес израмни во 48. минута. Победничкиот гол за домаќините беше дело на капитенот Хамес Родригез од пенал во 60. минута.