Томовски и Постдам поразени од Парондо

102

Македонскиот репрезентативец голман, Мартин Томовски и неговиот тим Постдам и натаму ја чекаат првата победа. Новиот клуб на Томовски беше поразен во второто коло во Бундес-лигата, овој пат на гости кај Мелсунген со 31-23.

Македонскиот репрезентативец мечот го заврши со пет интервенции, една помалку од Ферјан, кој е втор голман на бундес-лигашот.

Мелсунген, кој е предводен од Роберто Гарсија Парондо дуелот го реши после првото полувреме, по кое имаше позитива од 18-10. Инаку овој тим ќе биде противник на Вардар во групната фаза во Европската лига.

ПретходноМиклер ја спушти ролетната, Пик Сегед го урна Магдебург
СледноРафаел Надал ги растажи фановите