Одбојкарите завршуваат во Маврово, следната недела две контроли со Србија

96

Македонската одбојкарска репрезентација денеска го завршува првиот дел од подготовките пред настапот на Европското првенство оваа есен. Нашите одбојкари под водство на селекторот Николиќ завршуваат со базичните подготовки на Маврово, а следната недела почнуваат и со подготвителни средби.

По слободниот викенд кој ќе го добијат, нашите репрезентативци продолжуваат со тренинзи в понеделник во Скопје, а кон крајот на работната недела заминуваат во соседството. Во четврток и во петок се закажани две контролни средби со силната селекцијата на Србија.

По овие дуели следува продолжение со тренинзи во Скопје во очекување на одбојкарскиот меморијал „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, каде треба да имаме уште неколку сiлни контроли со селекциите на Израел, Словачка и Црна Гора.

ПретходноАмериканките го „грабнаа“ златото во одбојка на песок
СледноЕриксен решен да игра фудбал, објави и за колку време ќе се врати на терените