Супер дерби на Чаир: Шкупи против Шкендија, дуел на гигантите во ПМФЛ!

138

Попладнево од 15 часот на Чаир, во меч од 5.коло во ПМФЛ, се среќаваат Шкупи и Шкендија. Секако дека ова е големо дерби, супер дерби, дуел на гигантите во ПМФЛ. Тоа е се екипи кои биле шампиони на Македонија по еднаш во последните четири сезони или вкупно во својата историја по четири пати.May be an image of 3 people, people playing soccer, people playing football and text

Бесарт Ибраими, “бомбардерот“ на Шкендија по долго време ќе игра на Чаир како играч на тетовските “црвено – црните“. Тој пред денешниот меч истакна:

Атмосферата во нашиот табор е многу добра. Задоволство е да се игра ова дерби, јас сум среќен што повторно ќе бидам дел од дуелите меѓу Шкупи и Шкендија. Ми останува да уживам и да се обидам да и помогнам на мојата екипа да дојде до позитивен резултат. Максимално го респектираме домашниот тим, но се надевам дека на крајот ќе излеземе со резултат кој нас ни одговара“ изјави Ибраими.

Кога сме кај традицијата да кажеме дека ова ќе биде 34 меѓусебни дуел меѓу Шкупи и Шкендија. Чаирчани имаат само шест победи, 12 средби завршиле без победник а тетовци славеле на 15, гола разликата е 21:54 за Шкендија.

ПретходноАнчелоти: Веројатно не заслуживме да победиме
СледноУЕФА прави радикален чекор – Англија ќе остане без ЕП 2028!