Јувентус и официјално го објави враќањето во клубот на легендата Џорџо Киелини, кој ќе добие директорска позиција во гигантот од Торино.
Џорџо Киелини се врати во Јувентус, преземајќи водечка улога која ќе се фокусира на односите со националните и меѓународните фудбалски институции.
„Од 16 септември, тој ќе ја извршува функцијата директор за фудбалски институционални односи. Џорџо ќе поднесе извештај директно до извршниот директор Маурицио Сканавино, претставувајќи го клубот во неговата нова лидерска улога. Неговата академска обука го надополнува неговото искуство како фудбалер, капитен и легенда на Јувентус. Добредојде дома, Џорџо!“ – гласеше изјавата на клубот.