Барса си поигра со Џирона, Миовски остана на клупа

171

Барселона си поигра со Џирона во денешниот меч од 5. коло на шпанската Ла Лига победувајќи на гостински терен со 4:1. Момците на Ханси Флик уште еднаш ја потврдија својата фантастична форма и во кус период успеаја да ги обезбедат бодовите.

Младиот Ламин Јамал со два гола во првото полувреме обезбеди предност за гостите од 2:0, а на самиот почеток на вториот дел со еден прекрасен погодок на Олмо, Барса поведе и со 3:0.

Четвртиот гол за гостите беше дело на Педри во 64. минута.

Џирона во финшот направи неколку замени, а Стуани успеа да погоди во 80. минута и да намали на 1:4. Нашиот Бојан Миовски остана на клупата за резерви и на овој меч.

ПретходноГостивар повторно предизвика инцидент, а Босанчиќ покажа каков мајстор е! (ФОТО)
СледноЗахариевски: Вардар заслужено освои бод против силниот Гостивар!