Во своето деби на клупата на Вардар, Срѓан Захриевски тргна со реми, со 1:1 против силниот состав на Гостивар. Одамна не сме го гледале вака Вардар, борбен, знае што сака, тактички мудар, мотивиран, и со шанси. Сепак на крајот 1:1 а Захариевски вели дека е задоволен.
“Па, да. Искрено јас сум задоволен од ова реми против силниот Гостивар кој според мене го има најдобриот тим во ПМФЛ. Мораме да бидеме задоволни зошто покажавме голема борбеност и желба за надигрување и за позитивен резултат. Имавме шанси и за нешто повеќе, но сепак искрено овие 1:1 се реален исход по кој дојдовме со фантастичниот гол на Босанчиќ. Овој меч, ова реми и ова добро издание нека биде пресвртница во резултатите на Вардар“ изјави за “СпортСпорт“ Захариевски.