Многу борба, активна игра од двете страни, но на крај 1:1. Тоа е епилогот од денешното супер – дерби на Чаир меѓу Шкупи и Шкендија. Со овој бод тетовци ја задржаа лидерската позиција со 11 бодови, а втор е Работнички со ист број бодови како и Шкендија но со нешто послаба гол разлика.
Секако дека допрва ќе се разгорува битката за највисок пласман, ама се чини дека исто како и минатата сезона, и во оваа ќе биде супер интересно посебно ако се знае дека по 5.коло дури пет екипи на врвот се со разлика од два бода.
А еве како изгледа табелата после 5.коло:
Шкендија 11, Работнички 11, Струга 10, Силекс 9, Гостивар 9, Брера 6, Шкупи 5, Пелистер 5, Беса 4, Тиквеш 4, Воска 4, Вардар 4 …
Треба да се каже дека само три екипи досега немаат пораз, а тоа се Шкендија, Работнички и Гостивар.