Барди со супер асистенција на дербито со Бешикташ! (ВИДЕО)

477

Иако на терен беше само во првото полувреме во дресот на Трабзонспор на дербито со Бешикташ, нашиот капитен Енис Барди уште еднаш покажа каков фудбалски мајстор е. Се играше 17.минута кога прексрасно го изведе слободниот удар со топка која имаше очи што се вели, а неговиот соиграч Јокуслу постигна убав гол за водство од 1:0 и за еуфорија кај фановите на неговиот тим. Сепак Бешикташ израмни во 39.минута преку Фернандез за конечни 1:1.

Во паузата Барди беше повлечен од игра веројатно затоа што во 45+6.минута доби жолт картон. Инаку Трабзон играше со играч помалку речиси цел натпревар ако се знае дека во 13.минута Вишча доби директен црвен картон.

ПретходноБилбао победи, три асистенции на Инаки Вилијамс, ама ќе се раскажува голот на Сандро Рамирез од Лас Палмас!
СледноУ-15: Македонија со 2:1 ја совлада Ерменија