ГРК Тиквеш денеска се пофали со уште двајца нови ракометари, тоа и официјално го потврди на своите социјални мрежи. Станува збор за Никола Летиќ од БиХ, кружен напаѓач, има 20 години и игра за младата репрезентација на својата земја. Бил член и на некогашниот гигант Борац Бања Лука.
Покрај него, кавадарчани го промовираа и Игор Кривокапиќ (31), среден бек кој исто така треба да биде засилување тимот на Тиквеш. Тој е интернационалец од Црна Гора, а досега има играно во клубови од својата земја, како и во Романија, Полска, БиХ, Израел.