Михаилов по првата победа на клупата на Брера: Задоволен сум, иако ќе поработиме на некои грешки

301

Новиот тренер на струмичка Брера, Горазд Михајлов со победа дебитираше на клупата. Вчерва на мечот со Беса, Брера славеше со 3:2 во меч во кој имаше предност и од 3:0, па гостите во финишот дури успеаја да се вратат во игра.

„Честитки за играчите, многу важна победа за нас. Ова беше мој прв натпревар на клупата на Брера, а гостите се покажаа како незгоден противник. Тоа го видовме и во првото полувреме, а потоа во второто променивме нешто и завршивме со победа. За малку ќе направевме од готово-вересија, примивме два гола од прекин. Сепак, добро е што бодовите останаа на нашето конто. Треба да поработиме на грешките кои ги направивме, но во целина сум задоволен од одиграната партија“, рече новиот стратег на Брера.

ПретходноНикој како Карло: Не знае за пораз веќе 32 меча!
СледноПроблем за Барса: Без Олмо на мечот со Монако во ЛШ