Кошмарно деби на Смолинг: Автогол, црвен картон и пораз од 5:0 на неговата екипа

3611

Англискиот дефанзивец Крис Смолинг го имаше најлошото дерби на еден англиски фудбалер за нова екипа.
Смолинг премина во Ал Феиха од Саудиска Арабија пред неколку недели, а дебито го имаше во 3.коло во кое неговата екипа беше домаќин на Ал Раед.
Ал Феиха загуби со 0:5 што е нивен највисок пораз во Суперлигата на Саудиска Арабија, а Смолинг го отвори резултатот со автогол во 6. минута. Во 55 минута тој доби директен црвен картон. Неговата екипа во тој момент губеше со 0:3, а до крајот прими уште два гола.
Ал Феиха е последна на табелата со сите три порази и гол разлика 1:10.

 

ПретходноКомеморацијата за легендарниот Лазар Лечиќ ќе се одржи на 21 септември
СледноВан Перси во четвртиот меч му го приреди на својот клуб најголемиот срам во историјата