Некогашниот напаѓач на Арсенал, Робин ван Перси ја почна тренерската кариера во својата татковина, а од оваа сезона почна да работи самостојно како тренер на Херенвен. Тој претходно собираше искуство работејќи како тренер на напаѓачите на Феенорд, а од оваа сезона ја прифати понудата на Херенвен.
По првите четири кола запиша една победа, реми и два порази, а овој последниот е историски за клубот во Ердивизијата затоа што загуби со 9:1 од АЗ Алкмар.
До 23 минута резултатот беше 1:1, а потоа започна потоп на Херенвен кој ни Ван Перси не можеше да го спречи. 2:1 на полувреме за АЗ, а на крајот дури 9:1.
„Не сме вознемирени. Зборував со играчите и ќе продолжиме да работиме. Веруваме во себе“, рече Ван Перси.
„Знам како ова функционира. Еднаш изгуби со 8:2 против Јунајтед. Не беше забавно, но тоа е дел од фудбалската кариера. Ова е пат на обиди и грешки. Фудбалскиот свет знае да биде тежок… Лесно е да се биде среќен и да се пуштаат песни кога победуваш, но мораш да знаеш да се носиш и со овие работи“, додаде некогашниот ас на Арсенал, Барселона, Феенорд, Манчестер Јунајтед и Фенербахче.