Челзи и Борнмут ќе бидат казнети со по 25.000 фунти поради неславен премиерлигашки рекорд

438

Челзи и Борнмут ќе бидат казнети со по 25.000 фунти од Фудбалската асоцијација на Англија поради тоа што поставиле неславен рекорд во Премиер лигата. На меѓусебниот меч играчите на двете екипи добиле вкупно 14 жолти картони.
Челзи го доби дуелот со 1:0, но мечот го одбележаа дури 14 жолти картони што е уривање на претходниот рекорд од 12 жолти картони меѓу Вулверхемптон и Њукасл во 2010 и Челзи против Тотенхем во 2016 година.
Од страната на Челзи „пожолтеа“ осум фудбалери но и тренерот Енцо Мареска. Кај Борнмут жолти картони добиле шест фудбалери.
Според правилникот на ФА, за клубовите следува казна при шест или повеќе играчи со жолти (и црвени) картони.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 5.КОЛО: Ивковиќ “тресе“, Брера победува
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Срѓан Захариевски (Вардар)