И официјално: Интер и Аслани до 2028 година!

120

Албанскиот фудбалер Кристијан Аслани го продолжи договорот со Интер, соопшти денеска италијанскиот клуб. Новата соработа е потпишана за уште една година поточно до 2028 година.

Аслани во Интер пристигна од Емполи, а за миланскиот тим одигра 64 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол.

„За мене отсекогаш беше сон да играм за овој тим и чест ми е да го носам овој дрес. Овој договор е причина да се биде горд, но јас го земам како точка од која можам да продолжам – има некои работи на кои дефинитивно можам да работам и да ги развивам.

Тренирам секој ден со шампиони и имам среќа што ги имам за соиграчи. Ова обновување на договорот беше резултат на нивната помош“, изјави Аслани по потпишувањето на договорот.

ПретходноЛацио се врати на победничките патеки
СледноРеал Мадрид заврши важен потпис