Гвардиола го „плаши“ Артета: Се чувствувам слабо

167

Оваа сезона сите погледи се вперени во дуелот помеѓу Манчестер Сити и Арсенал во битката за титулата во Премиер-лигата.

Артета надгради тим кој до самиот крај беше конкурентен на „граѓаните“, а се создава атмосфера дека годинава конечно е вистинската. Првата средба помеѓу Сити и Арсенал оваа година ќе биде на 22 септември.

Пеп Гвардиола во интервју за „Скај спорт“ изјави дека не сака средби со менаџери кои добро ги познава, меѓу кои е и Артета.

„Да, затоа што се чувствувам послаб“, изјави Гвардиола и појасни:

„Понекогаш се среќавам со менаџерите по натпреварот, моите пријатели, како Микел и Лопетеги, на пример. Мои пријатели се и Енцо Мареска, Роберто де Зерби, менаџерите со кои сум поврзан, работиме заедно, бидејќи животот ни дава врска што ја сакам и сакам да го правам тоа без разлика на победа или пораз“, вели Шпанецот и додава какво е чувството да се изгуби.

„Не сакам да разговарам со никого. Сакам да го обработам мојот пораз и да се вратам следниот ден“, изјави Гвардиола.

ПретходноРеал Мадрид заврши важен потпис
СледноТен Хаг за играчот од 95 милиони евра: Мора да заслужи за да игра за Манчестер