На повидок е уште еден скандал на релација ФФМ – Велес. По пропаднатата инвестиција со стадион од ќумезарник за кој непотребно се изгорени 400.000 евра од хет-трик програмата на УЕфА, сега се случува и мистерија околу скапиот автомобил на федерацијата.
Станува збор за скапиот Мерцедес Е класа со кој пред првиот човек на ФФМ, Мухамед Сејдини направи сообрајќајна несреќа. Автомобил кој ФФМ го има купено за околу 100.000 евра во 2017 година.
Мерцедесот по несреќата го снемува, најавено е на седница на УО дека истиот е отуѓен за резервни делови. Но пред неколку дена истиот се појавува во системот, регистриран и со адреса на сопственик од Велес.
Останува мистерија како Симеон Крстев, близок пријател на потпретседателот на ФФМ, Лазар Ракиџиев е нов газда на луксузниот автомобил кој е отуѓен без никаква одлука на телата и органите во федерацијата.