Во Фуксе Берлин претпазливи: Пелистер е опасен противник, во Битола не чека „пеколна“ атмосфера!

223
Фото: Фуксе Берлин/Фејсбук

Македонскиот првак, Пелистер утре (20:45 часот) го првиот домашен натпревар од новата сезона во Лигата на шампиони. Противник на битолчани ќе биде бундес-лигашот, Фуксе Берлин. И двата тима стартуваа со пораз, Пелистер беше совладан на гости кај ПСЖ, додека пак Фуксе Берлин од Веспрем на домашен терен. Фактот дека ќе бараат прва победа, дава дополнителна нота на оваа пресметка.

Иако гостите се фаворити, сепак тие размислуваат многу поинаку. Со голем респект гледаат кон Пелистер, а веќе се свесни во каква атмосфера се играат мечевите во Битола.

„Пелистер е многу опасен противник и може да очекуваме исклучително вжештена атмосфера во Битола. Мораме да бидеме психички стабилни за да го ставиме нашиот настап на рекорд. Со право станаа македонски шампиони, тоа го видовме на натпреварот против ПСЖ. Пелистер силно возврати од значителна негатива. Во составот има неколку квалитетни играчи, меѓу кои и двајца бундеслигашки искусни играчи во Кузмановски и Цехте, како и еден искусен во Лигата на шампионите во Манасков. Имаат и добро голманско дуо. Од наша страна, важно е преминот од Бундеслигата во Лигата на шампионите да биде успешен како и натпреварот од Веспрем до Лајпциг“, изјави Јарон Сиверт, тренерот на Фуксе Берлин. 

ПретходноМбапе не сака да го допираат по глава, но на Модриќ не смее да му каже збор!
СледноСлот: Милан не е само Леао!