ЛШ младинци: Брера денеска на мегдан со Сараево, во мислите само победа!

181

Денеска во 15 часот на стадионот “Благој Истатов“ во Струмица, македонскиот шампион во младинска конкуренција, тимот на Брера Струмица до 19 години ќе ги одмери силите против Сараево во 1.коло од плеј – офот во Лигата на Шампионите.

Јасно е дека денеска се пишува историја на овој клуб, на Брера Струмица.

Веќе три недели траат подготовките за овој двомеч, реваншот се игра на 2 октомври во Сараево. Тренерот на нашите шампииони, Ѓорѓе Стојчев со оптимизам гледа кон денешниот дуел и верба во своите избраници дека може да се дојде до победа, па така со предност да се патува за БиХ во реваншот.

Да потсетиме дека кој ќе излезе како победник од овој двомеч, во следното коло се среќава со тимот на Макаби Петах од Израел.

Добро е тоа што за Брера денеска ќе бидат во комбинација неколку играчи од првиот тим на струмичани, како Мартин Ѓоргиевски кој е и капитен на првиот тим на Брера. Па така тој би требало да биде главен адут на нашиот претставник во ова елитно натпреварување во фудбалска Европа.

Уште еднаш, У-19 екипата на Брера Струмица денеска во младинската Лига на Шампионите го дочекува Сараево, натпревар кој се игра на стадионот “Благој Истатов“ во Струмица.

Судија ќе биде Киријкос Атанасиу од Кипар.

ПретходноБаерн со непријатно „изненадување“ за Ристовски, Адеми и Динамо: Можете само да се сликате!
СледноАртета ги остави навивачите во неизвесност, но стигнаа првите вести за повредата на Сака