Стартува новата ЛШ, Реал Мадрид ја брани круната, вечерва Ристовски и Адеми на гости кај Баерн!

65

Денеска се пишува историјата во Лигата на Шампионите.Денеска стартува новата сезона во елитното клупска натпреварување, најсилно и најспектакуларно во светот, кое вреди милијарди и милијарди долари.

Велиме се пишува историјата зошто од вечерва стартува ЛШ во нов формат, со 36 екипи, најдобрите во Европа. Заборавете на групна фаза, ова е сега онаа вистинска Лига во вистинска смисла на зборот.

Македонија со четворица свои интернационалци ќе биде дел од новата сезона. Стефан Ристовски и Аријан Адеми ќе бидат вечерва гости со својот Динамо Загреб на „Алијанц Арената“ во Минхен, каде нивниот хрватскиот гигант ќе се обиде да дојде до сензација.

Тука се уште Елиф Елмас со Лајпциг и Бојан Миовски со Џирона.

Инаку познато е дека најголемиот клуб во светот, Реал Мадрид ќе ја брани круната освоена пред три месеци во финалето против Борусија Дортмунд.

Кралевите“ засилени со најспектакуларниот фудбалер во светот во овој момент, Килијан Мбапе, секако дека има највисоки амбици, посакува уште еднаш да дојде до „ушлето“, и тоа по 16-ти пат. Сепак за ова се прашува и Манчестер Сити, Барселона, Баерн Минхен, Интер, Ливерпул и другите гиганти кои и тоа како сакаат да го симнат од престолот клубот од Мадрид.

Ново е тоа што сите 18 средби се играат во три дена, по шест а вечерва новата ЛШ ќе стартува со следните шест мечеви:Image

18:45 Јувентус – ПСВ

18:45 Јанг Бојс – Астон Вила

21:00 Милан – Ливерпул

21:00 Баерн Минхен – Динамо Загреб

21:00 Реал Мадрид – Штутгарт

21:00 Спортинг – Лил

Време е за фудбал за сладокусци, време е за спектакл, време е за најквалитетното нешто во фудбалот.

Време е за Лигата на Шампионите.

ПретходноЛШ: Струмица VS Олимпијакос, меч за одбојкарско уживање…
СледноПотврдено: Лука Станковски и официјално во Раднички 1923!