Она што “СпортСпорт“ го најави пред неколку дена, од денеска е и официјално. Нашиот младински репрезентативец Лука Станковски е нов член на Раднички 1923, клуб од Крагуевац.
Тој доаѓа од Газијантеп на едногодишна позајмица, со можност по истекот на позајмицата, договорот на Станковски да биде во целост откупен.
Од раководството на српскиот клув истакнуваат дека ангажирале квалитеен млад играч, кој потекнува од Работнички, но и тоа дека пред неколку години малку недостигало тој и официјално да се пресели во Монца, клуб кој сега е член на Серија А.