И дефинитивно е јасно дека по заминувањето во играчка пензија на Тони Крос, Реал Мадрид никако не може да најда адекватно решение во средниот ред. “Кралевите“ се пренатрупани со ѕвезди, но нема играч во средниот ред кој ќе “командува“ со играта.
Идеално решение, како што пренесуваат медиумите во Шпанија, според извори од Реал Мадрид е Родри. Во моментов веројатно најдобриот фудбалер во светот на таа позиција, инаку член и на репрезентацијата на Шпанија а беше прогласен и за МВП на последното ЕУРО 2024.
Лошо за Реал е тоа што Манчестер Сити и Пеп Гвардиола немаат намера така лесно да останат без својот “мотор“ во тимот и му нудат баснословна сума на пари за продолжување на договорот.
Од друга страна има една “цака“ што се вели, имено Реал очекува да види како ќе се одвива судењето на Манчестер Сити, па ако “граѓаните“ ги стигне казната, тогаш нема дилеми дека Родри ќе си оди, а се знае каде.
Тогаш Реал Мадрид ќе успее да компонира тим кој практично би бил непобедлив.