Фабио Капело, славниот италијански стратег, јавно се вклучи во дискусијата оли полемиката во фудбалскиот свет околу тоа кој би требало да ја добие “Златната топка“ за минатата сезона.
Како негогашен тренер на Реал Мадрид и тоа во два мандати, сите очекуваа дека тој ќе каже дека некој од Мадрид би требало да го добие ова ласкаво признание.
Но, не беше така, Дон Фабио ги спушти на земја ѕвездите на Реал:
„Јас би му ја дал „Златната топка“ на Родри за неговите настапи во ПЛ, во ЛШ и секако на ЕУРО 2024. Едноставно беше најдоабр во текот на изминатата година. Нека играчите на Реал тоа самите треба да си признаат, ниту еден од нив не беше најдобар, тоа беше Родри“ рече покрај другото Капело.