Американките доминантно над Србија за финале на кошаркарскиот турнир

137

И женската кошаркарска репрезентација на Србија е поразена од САД во полуфиналето на ЛОИ во Токио. Србинките утрово загубија од Американките со убелдиви 79:59 и не успеаја да стигнат до битката за најсјајното одличје на Игрите.

Американките до победа ги предводеа Грејнер со 15, Греј со 14 и Стјуарт со 12 поени. Најефикасна во редовите на Србија беше Ивон Андерсон со 15 поени.

Сега останува да се одигра второто полуфинале меѓу Јапонија и Франција по што ќе биде позната двојката во битка за златото.

ПретходноОдбојкарките на САД максимално над Србија за финале на Игрите во Токио
СледноПоследното злато од ОИ на 50 км. брзо одење за Полјакот Томала