Завршницата на Евролигата во сезоната 2024/25 ќе се игра во Белград или Абу Даби. Според новинарот Михалис стефану од кошаркарскиот портал „Еурохопс“, Барселона отпаѓа од организирање на домаќинство на Ф4, па во игра се Белград или Абу Даби.
Ф4 никогаш не бил организиран надвор од Европа, па префрлувањето во Абу Даби би било сосема ново искуство. Белград претходно два пати ја организираше Евролигата, во 2018 година кога шампион стана Реал Мадрид и во 2022 кога шампион стана Анадолу Ефес.
Белградската арена исто така беше домаќин на Ф4 во Лигата на шампионите 2024 година.
Инаку, во 2023 година домаќин беше Каунас, а во 2024 година организатор беше Берлин.
According to latest info it seems that Barcelona is NO longer an option for hosting #Euroleague Final 4 this season.
Belgrade & Abu Dhabi are the main contenders. pic.twitter.com/uIIe6Vfthj— Mihalis Stefanou 🏀 (@mstef80) September 18, 2024