Струмица го испрати во пензија својот долгогодишен капитен Васе Михаилов

1136

Синоќа на првиот натпревар на македонскиот одбојкарски шампион Струмица во Лигата на шампионите, официјално збогување од одбојката имаше капитенот и едно од легендарните имиња на струмичкиот клуб, Васе Михаилов.

Михаилов и официјално замина во спортска пензија по години посветеност, безброј победи и незаборавни моменти, 9 шампионски и 8 куп титули, учества во Лигата на шампиони, и брони европски дуели.

„Твоето лидерство, страст и труд инспирираа многумина, и влијанието што го остави и на теренот и надвор од него никогаш нема да биде заборавено. Ти благодариме за сè што даде за ОК СТРУМИЦА“, напишаа денеска од нашиот шампион.

Михаилов останува во тимот како тренер на младите категории.

ПретходноПанчев: Новиот формат на ЛШ е доста контроверзен, времето ќе покаже дали е добар или не!
СледноПелистер немоќен, Фуксе Берлин доминантно во Битола (ФОТО)