Ако се бара светла точка во поразот од Фуксе Берлин во редовите на Пелистер тоа ќе биде Самоил Ристески. Младиот ракометар кој дојде во првиот тим на битолчани вечерва ги одигра првите минути во Лигата на шампиони и максимално ги искористи. Зад 18-годишниот ркометар стојат три гола, најава дека шансата која му беше доверена е оправдана.
После натпреварот тој кратко го коментираше својот настап и поразот.
„Лигата на шампион е сон на секое дете што игра ракомет. Фуксе Берлин беше подобар, собравме некое искуство и се надеваме на подобри игри“.