Клаузулата во договорот открива зошто Марјановиќ игра за „ситни“ пари во Фенер

1166

Од никаде излезе веста дека Бобан Марјановиќ се враќа во Евролигата, а потоа протече и неговата плата. Чудно, но вистинито тој ќе заборатува 45.000 евра месечно. Многумина се изненадија, но факт е веројатно дека српскиот центар не планира долго да остане во Европа.

Како што претходно објавија и како што истакнаа американските медиуми, Бобан Марјановиќ има клаузула во договорот со Фенербахче според која во еден период од декември може да се врати во НБА лигата доколку има понуда. Очигледно поранешниот српски репрезентативец смета на добар почеток на сезоната во Евролигата, а потоа до декември некоја НБА екипа ќе сака да му обезбеди место во составот.

Марјановиќ во дресот на Црвена звезда доминираше во сезоната 2014/15, а потоа замина во Америка. Таму играше за Сан Антонио, Детроит, Лос Анџелес Клиперс, Филаделфија, Далас и Хјустон.

ПретходноИнзаги во поинакво расположение од Пеп: Им честитав на играчите
СледноНе е само Артета, и Пеп има проблеми пред дербито