Македонските одбојкарски тимови веќе почнаа со финалните подготовки за новата одбојкарска сезона. Откако шампионот Струмица веќе ги започна настапите и во европските купови, освојувачот на домашниот одбојкарски Куп екипата на Штуп УГД за денеска го закажа и првиот контролен меч.
Новиот состав на тренерот Кристиан Ристески во салата „Јордан Мијалков“ вечерва од 18:45 часот ќе го одигра првиот тест-меч со косовскиот состав Феризај. Влезот во салата ќе биде слободен, а навивачите на Штип УГД ќе имаат можност да се запознаат и со дел од новите засилувања на тимот.
Штипјани и во новата сезона влегуваат со амбиции да атакуваат на највисок пласман и на еден од трофеите како и минатата сезона.