Суверениот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (PIF) нема да го купи Атлетико Мадрид и покрај сериозниот интерес кој Саудијците го имаат за еден од трите најголеми клубови во Шпанија.
Според информациите, Саудијците имаа намера да го искористат фактот што „Ријад Ерлајнс“ е главен спонзор на клубот, додека извршниот директор на Атлетико, Гил Марин е сопственик на контролниот пакет акции во Атлетико во последните 20 години.
Сепак, според пишувањата на „Мундо Депортиво“, неформалните преговори за евентуална продажба на клубот веќе се воделе, но мнозинството акционери изрично одбиле да го продадат. Во Атлетико нема воопшто расположение за такво нешто, барем не во следните три години.