Крилниот напаѓач на Челзи, Михајло Мудриќ во зимскиот преоден рок ќе си замине од „Стемфорд Бриџ“. Според информација на британски „ТимТок“, лондонскиот клуб е подготвен да се раздели со украинскиот играч и ќе ги разгледа сите понуди, без разлика дали се за позајмица или за продажба.
Според информаците, за украинскиот крилен напаѓач се заинтересирани Баерн (М), Олимпик Марсеј и неколку клубови од англискиот шампионат. Покрај Мудриќ, Челзи размислува и за продажба на уште неколку играчи кои не се дел од првиот тим.
Во тековната сезона Мудрик одигра само два натпревари за Челзи.