Луис Фиго: Сакате помалку натпревари? Тогаш ќе земате помалку пари!

156

Луис Фиго, легендарниот Португалец, некогашна голема ѕвезда во светскиот фудбал, некогашен член на Барселона, Реал Мадрид, Интер и други клубови, има свој коментар по најавите на Родри, Карвахал и други за евентуален штрајк. Причината е позната, фудбалерите се

жалат дека во текот на една сезона имаат премногу натпревари за играње.

Па така Фиго ги искритикува сегашните ѕвезди:

Кога имате повеќе натпревари, тогаш клубовите земаат повеќе пари и можат да ги зголемат платите на играчите. Ако се намали бројот на натпревари тогаш и платите на играчите мора да се намалат. Јасно е дека потребен е некој баланс, но тој тешко е да се изнајде. Секако дека ова е многу комплицирана тема“ рече покрај другото славниот Португалец.

ПретходноФонсека ги потроши сите кредити, ако не го победи Интер добива отказ!
СледноЧелзи во јануари го продава Мудрик