Златан веќе го одбрал наследникот на Фонсека!?

148

Игор Тудор најверојатно ќе биде новиот тренер на Милан! Оваа вест ја лиферуваат медиумите во Италија. Се разбира ова да се случи ќе треба Фонсека да добие отказ а да добие отказ уште во недела навечер или во понеделник, ќе треба Милан да биде поразен од Интер во градското дерби на Милано.

Златан Ибрахимовиќ кој е шеф во Милан веќе го одбрал Хрватот, инаку легенда на Јувентус. Некогашниот стопер, еден од најдобрите во Европа во свое време и некогашен тренер на неколку познати клубови бил пик бр.1 за стратег на “росо-нерите“, барем според Златан Ибрахимовиќ.

Колку од ова е вистинаи дали легенда на Јуве ќе седне на клупата на Милан, тоа останува да се види.

Медиумите во Италија истакнуваат дека Златан и Игор се познаваат уште од играчките денови кога и двајцата го носеа дресот на Јуве. И двајцата имаат голем респек еден кон друг.

ПретходноКК Пелистер се пофали со ново лого и најави нова ера! (ВИДЕО)
СледноХосни од Пелистер го има еден од најубавите голови на колото во ЛШ! (ВИДЕО)