Возбудлив меч одиграа Верона и Торино во 5.коло од италијанската Серија А. Мечот го отвори Торино со гол на Санабрија во 10 минута, изедначи Кастањос две минути подоцна. Во 21 минута Верона остана со 10 играчи на терен поради исклучувањето на Давидовиц, а судијата покажа на белата точка и промаши Санабрија.
Сепак, „биковите“ дојдоа во предност преку Запата во 34 минута, а на 3:1 зголеми Че Адамс во 79 минута. Во 93 минута Москера само го ублажи поразот на Верона.
Инаку ова е четврта победа на Торино на гостувањата кај Верона во Серија А.