Откако вчера го собори сопствениот рекорд по три златни медали во атлетика, Италија ја подобри статистиката и стигна до четвртото златно одличје во овој спорт.
По златото на Марсел Јакобс на 100 метри, Џанмарко Тамбери во скок во далечина, Масимо Стано во категоријата 10 километри брзо одење, денеска триумфираше Антонела Палмисано во категоријата 20 километри брзо одење. Таа постави време од 1 час 29 минути и 12 секунди.
Со 25 секунди задоцнување пристигна Сандра Аренас од Колумбија со што го освои сребрениот медал. Среброто замина кај кинеската атлетичарка Ли Хонг.