Македонското дерби во Ла Лига меѓу Валенсија и Џирона мина без надмудрување на нашите репрезентативци бидејќи Столе Димитриевски не беше на мрежата на домаќинот, но тоа пак не беше пречка неговиот тим да слави со 2-0.
Бојан Миовски беше стартер на овој дуел, тој доби 79 минути по што беше сменет.
Валенсија поведе благодарение на автоголот на Јуанпе вп 56-та минута, две минути подоцна Гомез зголеми на 2-0 и го постави крајниот резултат.
За Валенсија ова беше прв победа оваа сезона, има едно реми и четири порази и се наоѓа на 18-то место на табелата, додека пак за Џирона ов беше трет пораз, има две победи и едно реми и засега е на 13-та позиција.