Струмица заминува за Атина на реванш со Олимпијакос во ЛШ

43

Утре во салата „Мелина Меркури Рентис“ во Атина (19.30 ч.), одбојкарите на Струмица ќе го одиграат реванш натпреварот од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите протов екипата на Олимпијакос. Грчкиот претставник кој на првиот дуел минатата недела во Струмица славеше со 3:0 како апсолутен фаворит влегува и на реваншот.

Еден од најискусните одбојкари во струмичкиот состав, Владо Милев, е убеден дека Струмица ќе покаже многу подобра одбојка од онаа на првиот дуел во салата „Парк“.

„Тоа не беше квалитетот кој го поседува оваа екипа. Сигурен сум дека на гостувањето во Атина ќе бидеме многу подобри. Сите грешки кои ги направивме на првиот дуел, што од невнимание и деконцентрираност, што од преголема желба за добро да се претставиме пред нашата публика, не чинеа висок пораз. Имавме бројни неизнудени грешки, кои сега не смееме да ги повториме. Игравме одлична одбојка на подготвителните средби и ако успеме да ја покажеме таа игра и на реваншот, Олимпијакос нема да има лесна задача“, вели Милев.

Во случај на пораз и елиминација од Лигата на шампионите, нашиот првак ќе продолжи во ЦЕВ Купот, каде за противник, најверојатно, ќе го добие унгарски Фино Капошвар, тим против кој минатата сезона играше во елиминациите од Лигата на шампионите.

ПретходноНено: Повеќе сакам да асистирам, отколку да давам кошеви, но мора да бидам подобар во одбрана
СледноВардар сo реакција за случувањата во Кавадарци: Скандалозна организација која ја мина границата за здраво ривалство