Опозицијата на Жоан Лапорта бара Барселона да му изгласа недоверба. Според весникот „Марка“, во соопштението потпишано од неколку групи кои се против претседателот, се бара клубот да му изрази недоверба на Жоан Лапорта и неговиот одбор.
Дополнително, на раководството му дава рок од десет дена да одговори на ова барање или, како што се наведува во апелот, ќе разгледаат алтернативни начини за постигнување на целта. Групите сметаат дека успесите во спортскиот сектор не треба да ги засенат недостатоците на актуелното раководство.
Опозицијата на Лапорта го обвинува за непочитување на легендите на тимот како Чави, Лионел Меси Шарунас Јасикевичиус (поранешен кошаркар и тренер на Барселона) и Роналд Куман. Тие се загрижени и за економската, финансиската и имотната состојба на клубот, како и за управувањето со спортскиот терен во последните години.