Јапонија е вториот финалист на кошаркарскиот турнир во женска конкуренција на Олимписките игри во Токио. Во полуфиналната битка организаторот на Игрите ја совлада Франција со убедливи 87-71.
Дуелот почна во знакот на француските кошаркарки кои поведоа со 14-22 по првата четвртина. Во следниот период Јапонките 27-12, победата ја потврдија во третата четвртина во која исто така беа убедливи (27-16).
Јапонката Руи Мачида постави нов олимспики рекорд со 18 додвања за својата репрезентација.
Во финалето Јапонија ќе игра против САД.
ФОТО: FIBA | #Basketball #Tokyo2020