Клубовите од Скопје и претставници од СВР одржаа состанок!

166

Непосредно пред официјалнииот почеток на новата натпреварувачка сезона во сите рангови на натпреварување, Македонската кошаркарска федерација и Секторот за внатрешни работи при МВР во Скопје одржаа заеднички состанок со претставниците на сите клубови од Скопје.

На состанокот кој беше задолжителен за претставниците на кошаркарските клубови кои се со седиште во град Скопје, се говореше за изнајдување на соодветни решенија, за сите неопходни заеднички мерки со цел безбедно организирање, одржување и обезбедување за претстојните натпревари кои ги организира Македонската кошаркарска федерација.

Од страна на припадниците на МВР особено беше потенцирано доследно спроведување на Законот за спречување на насилство и недолично однесување, со особен акцент на неколку членови од законот на кои ќе се инсистира во спроведувањето на Законот.

Во прв ред, обврските на клубот – организатор на натпреварот, но и должностите на гостинскиот клуб кој учествува на кошаркарски натпревар. Апострофирано беше што всушност означува натпревар со зголемен ризик, и обврските кои ги има клубот-организатор, што пак од друга страна со себе носи и зголемување, односно обезбедување на поголем број на редари.

Освен тоа, беа презентирани и искуства и од другите спортови во спроведување на Законот за насилство и недолично однесување.

Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ забележа присуство на вкупно 19. клубови од Скопје на овој особено корисен и доста важен собир во СРЦ „Кале“.

ПретходноВлатко Илиоски е нов ФИФА судија!
СледноВо меч под рефлектори на Арената: Вардар го “мерка“ и Силекс!