Русија и по вторпат во полуфиналето на Олимписките игри излегува како победник од оваа пресметка. Со победата од 26-27 завери место во финалето, каде за противник ќе го има составот на Франција.
Ракометарките на Русија првиот дел од завршија во своја корист, беа подобри со 11-14, во исто темпо продолжија по одморот, поведоа со 20-25, но пред крајот на мечот им дозволија на Норвежанките да се вратат во игра.
Беше 26-27, но Русија го сочува минималното водство и тоа благодарение на Вјахирева која постигна девет гола.
ФОТО: ИХФ/Твитер