Првата машка кошаркарска лига доби генерален спонзор

422

Третиот телекомуникациски оператор на територијата на Македонија, МТЕЛ, од денеска и официјално станува генерален спонзор на Првата лига мажи или со новиот назив – МТЕЛ Прва машка кошаркарска лига.

Со обостран интерес за вложување во развој и поддршка на националниот спорт, а со цел постигнување врвни резултати, МТЕЛ и Кошаркарската Федерација склучија договор за спонзорство за претстојната натпреварувачка сезона 2024/2025.

„Среќни сме што добиваме поддршка од партнер кој ги познава вистинските вредности и безрезервно ги поддржува. Пред нас ќе има уште една исклучително интересна сезона, а верувам дека поддршката од МТЕЛ ќе им даде дополнителен ветер во грб на клубовите да дадат сè од себе во новата сезона и со што подобри услови да придонесат за повозбудливи натпревари. Благодарност огромна до нашите пријатели во МТЕЛ кои ја препознаа мотивацијата на раководството на КФСМ и заедно со желба за нови победи и континуиран развој одлучија да застанат покрај нас во оваа битка.“ – истакна Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ непосредно по потпишување на договорот.

All reactions:

Angeli Skopje, Sasko Usi Terzievski and 19 others

ПретходноПроблем за Реал, Мбапе под знак прашалник за мадридското дерби
СледноАтанасов: Во нападот имаме уште за работа! Можеме и подобро!