Буњамин Шабани, капитенот на Струга ТЛ, деновиве успешно беше опериран на десното рамо. Најдобриот фудбалер на шампионот ја повреди клучната коска на мечот против АП Брера, а по консултации со професионални лекари од оваа област беше одлучено тој да биде опериран.
Како што велат од клубот, оерацијата беше успешна, сега следува фаза на рехабилитација и специјализирана програма за заздравување.
Се уште не е познат точниот датум на неговото враќање на терените, бидејќи се ќе зависи од фазата на опоравување.
Според прогнозите на лекарите, Шабани ќе биде надвор од терените 4-6 недели.