Мазрaуи: Манчестер Јунајтед е поголем клуб од Баерн Минхен

104

Бекот на Манчестер Јунајтед, Нусаир Мазрауи даде интересна споредба помеѓу англискиот клуб и неговиот поранешен клуб Баерн Минхен. Фудбалерот прејде во редовите на „црвените ѓаволи“ минатото лето, а „баварците“ заработија 15 милиони евра.
По две сезони во Баерн, ми требаше промена, нов чекор во кариерата. Се чувствував океј но исто така знаев дека можам подобро во друга средина. Затоа одлучив да го сменам клубот и да потпишам за Манчестер Јунајтед.

Знаев дека начинот на фудбал во Јунајтед ќе ми одговара. Знаев некои фудбалери пред да дојдам исто така и тренерите од Холандија (Тен Хаг, Ван Нистелрој и Хаке) па со оглед на тоа дека зборувам холандски и тоа ќе ми помогне побргу да се адаптирам.

Можам да кажам дека на меѓународно ниво, Манчестер Јунајтед е многу поголем клуб од Баерн Минхен“, изјави Мазрaуи.

ПретходноМуарем Муарем: Убаво е да ја победиш Шкендија, убаво е да си лидер!
СледноЛина со победа на стартот на турнирот во Куршумлијска Бања!