Ас: Погледнете што измислија Гризман и Алварез (ВИДЕО)

207

Атлетико Мадрид победи со 1:0 кај Селта во седмото коло од Ла Лига и со тоа ја задржа врската кон врвот. Стрелец на единствениот гол беше Хулијан Алварез.

Аргентинскиот напаѓач дојде летово од Манчестер Сити со обештетување од 75 милиони евра, со што стана вториот најскап играч во историјата на клубот. Ова е негов втор гол за Атлетико, но вреден три бода. Го постигна на крајот од натпреварот.

Голот можете да го видите ТУКА.

Мадридски Ас ги величи голот и соработката помеѓу Алварез и Антоан Гризман: „Погледнете каков гол измислија Гризман и Алварез, а тоа што го направи Паук е варварско. Тоа беше игра за заборав, но нивните две офанзивни ѕвезди на самиот крај, практично во последниот напад, измислија колосален гол“,

ПретходноУрнебесно и само во Бугарија: Дали некој од играчите си повика такси среде натпревар?! (ВИДЕО)
СледноКомпани: Баерн секогаш е фаворит, дури и кога игра против шампионот!